Дозволете му на вашето семејство да се храни здраво, и стандардните десерти заменете ги со здрави десерти кои ќе станат секојдневие за вашите најблиски.
Белиот шеќер заменете го со некоја здрава алтернатива како: кокосов шеќер, мед, малтекс, јаворов сируп, маџун и слично, а белото брашно заменете го со интегрално, овесни снегулки, просо, киноа и друго. Секогаш користете путер или кокосово масло наместо маргарин.
Имаме одличен предлог за подготовка на вкусни чоко мафини со темно чоколадо, кои ќе бидат неодолив десерт за вашите најмили. 🙂
Потребни состојки:
- 2 јајца
- 50 g путер
- 4 лажици кокосов шеќер
- 200 g интегрално брашно
- 50 g мелени овесни снегулки
- 2 лажички какао
- 1 лажичка какаово масло (какао путер)
- 1 лажичка прашок за пециво
- цимет
- 100 g темно чоколадо со 70% какао.
Начин на подготовка:
Сите состојки освен чоколадото убаво измешајте ги (ако смесата е многу густа, додадете малку вода). Чоколадото искршете го на чоколадни трошки, и не го додавајте во смесата туку оставете го за на крај.
Мафините ставете ги во силиконски калапчиња и печете ги во загреана рерна на 180°С околу 15-20 минути. При крај на печењето посипете ги мафините со чоколадните трошки!
Уживајте во десертот! 🙂
Начинот на подготовка можете да го видите и на нашето видео.
Рецептот и видеото ги подготви Елена Ѓорѓиевска.
Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.








