Home Рецепти за бебе 12+ Чоколаден пудинг од просо за цело семејство

Чоколаден пудинг од просо за цело семејство

191
0

Имам неколку рецепти за пудинг од просо, но овој е малку поразличен од претходните и затоа решив да го споделам, а можете да го погледнете и на мојот профил.

Кај нас ова беше појадок, иако можете да го искористите рецептот и за вкусен десерт за ужинка. 🙂

Состојките кои се излистани се доволни за три порции.

Состојки:

  • 7-8 лажици просо
  • 2 банани
  • 2 лажици пченични никулци
  • 30 g црно чоколадо
  • 1 лажица путер од лешник од @bonita_organic_nut_butters
  • 1 лажичка рогач (може и какао)
  • сок од 1 портокал
  • доколку сакате поблаго може да додадете и малку мед.

Начин на подготовка:

Просото пред да го варите покиснете го во вода минимум 2 часа, потоа фрлете ја таа вода, додадете нова и сварете го. Ако му остане вишок вода слободно процедете го преку цедалка. Ставете го во блендер и додадете ги сите состојки. Блендирајте дури смесата не се соедини и не се добие структура на пудинг.

Декорирајте по желба и уживајте во богатиот, чоколаден и кремаст вкус!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here