Рецептот за сладоледот е многу лесен и брз, и мислам дека треба да го имам вака напишан, затоа што и јас многу пати не успевам да се сетам што имав ставено во некој претходен рецепт.
Ако немате како моите калапи правете го во обични или пак во силиконски за мафини, и пробајте кога малку ќе замрзне да ставите дрвено стапче.
Потребни состојки:
- 1 авокадо (зрело и не многу големо)
- 2 банани
- 1 лажица путер од кикиритки од @bonita_organic_nut_butters
- 1 лажичка рогач
- 2 лажички какао
- сок од еден портокал.
Начин на подготовка:
Ставате сè во блендер и блендирајте додека не добиете мазна структура. Излијте ја потоа смесата во калапи, и оставете го сладоледот во фрижидер да се замрзне.

Полесен десерт здравје.
И извинете што ќе ве спамирам со најразлични рецепти за сладоледи цело лето, ама навистина има многу комбинации кои се лесни и можат да бидат вкусен десерт/ужинка за секој ден.
Сладоледот е соодветен за дечиња над 12 месеци кои немаат алергија на кикиритки.
На здравје! 🙂








