Полна трпеза, многу храна, кифлички, руска салата, сарми, многу слатки, алкохол….и уште што ли не… Но, еве готово е празниците ќе завршат, но како после сето тоа јадење да се вратите во форма?
Празниците будат навистина убави моменти со најблиските, но зошто мора толку храна и толку алкохол…зарем без тоа нема да ни биде убаво? Или што ако наместо кифлички направиме некој здрав интегрален колач, а наместо руска салата направиме некоја здрава свежа салата со прелив од сенф и сок од лимон….
За благото не би коментирала многу, затоа што има мал милион рецепти за здрави десерти кои можат да се направат…Но, што е тука…празниците беа и поминаа, а сега треба да се вратиме на старите навики.
Прашања кои сигурно ве мачат: Како да го прочистите телото и да се вратите во форма и како конечно да се натерате да вежбате?

Да започнеме од негде…
Најпрвин морате да започнете со детоксикација. Но, како?
Дајте си предизвик самите на себе си, и исфрлете ги сите шеќери, теста и алкохол. Направете тридневно прочистување и во тие три дена внесувајте само свежа храна и повеќе протеини.
Правила до кои би требало да се придржувате за да направите тридневно прочистување:
Правило бр. 1
Напиток за детоксикација: Исцедете 2 лимони и изрендајте малку ѓумбир, додадете 1 лажичка цимет и на крај дополнете со 2 литри вода. Пијте го тој напиток во текот на денот наместо вода.
Правило бр. 2
Во кафето не додавајте никакви додатоци, заборавете на шеќерот, млекото и шлагот…ако навистина не можете да пиете горко кафе, додајте малку стевиа или пак сосема малку мед.
Правило бр. 3
Првиот ден пробајте да внесувате само свежо овошје и зеленчук. За појадок направете си некое смути, но внимавајте со овошјето да не претерате (наш предлог за утринско смути за детоксикација). Слободно додајте семиња и јаткасти плодови кои ќе ја зголемат и хранливата, но и калориската вредност на вашиот смути појадок.
Правило бр. 4
За ручек јадете некоја салата направена од сезонски зеленчук. Зачинете ја со маслиново масло, сок од лимон и хималајска сол. Наш предлог:
Правило бр. 5
Вечерата нека биде лесна, можете да си направите зеленчуково вариво или пак да јадете салата слична на таа од ручекот. Наш предлог:
Правило бр. 6
Следните два дена следете ги истите правила, со тоа што за ручек и вечера можете да додадете и некој протеин (пр. динстано пилешко, телешко или свинско, риба или пак варено јајце).
Правило бр. 7
Шеќери се дозволени само од овошје, никако не посегнувајте по слатки и чоколади.
Правило бр. 8
Од течности пијте само од напитокот за детоксикација, вода или пак незасладени чаеви. Никако немојте да посегнувате по овошни сокови, газирани пијалаци и сл. кои се полни со многу шеќери и празни калории.
Правило бр. 9
Ако кризирате во текот на денот имајте при рака секогаш јаткасти плодови како: непечени бадеми, лешници, индиски ореви и сл. Внимавајте со нив затоа што содржат многу масти и многу калории. Јадете само по 10-тина.
Правило бр. 10
Започнете конечно со физичка активност. Вежбањето ќе го забрза процесот на детоксикација, затоа што ја забрзува циркулацијата и помага за полесно ослободување од токсините. Сега е вистинското време повторно да се активирате.
Ако ви треба помош и мотивација околу вежбањето, ние сме тука за Вас.
Лоцирани во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Тафталиџе и кај нас можете да вежбате повеќе типови на Аеробик и Пилатес.
Направете го вистинскиот избор за себе и за своето здравје и резервирајте си место на телефон: 071 273 982.
Повеќе за FITLIFE fitness studio, прочитајте тука, а целосниот распоред на тренинзи погледнете го на сликата подолу.









