Како сами да си подготвите домашен и природен лосион против првут?

Споделете со пријателите

Проблемот со првут на косата може навистина да биде многу непријатен. Многу често скапите козметички препрати кои гарантираат врвни резултати можат да бидат неуспешни. Природната козметика и препратите за нега на коса, кожа и тело подготвени од намирници кои ги имаме во кујната немаат несакани ефекти и можат да бидат навистина делотворни.

Доколку имате проблеми со првут, ви пренесуваме еден стар рецепт за подготовка на природен лосион со корен од целер, кој ќе ви помогне во решавање на проблемот со првут.

Потребни состојки:

  • 10 g корен од целер
  • 1L вода

Начин на подготовка: Коренот од целер исечкајте го на коцки и варете го во водата 5 минути. Тргнете од оган, поклопете го и почекајте да се излади па процедете. Складирајте го лосионот во стаклено шише и чувајте го во фрижидер.

Употреба: После миење на косата, нанесете од лосионот и длабоко масирајте го коренот. За оптимални резултати потребна е подолготрајна употреба.

Можеби ќе ве интересира:

Направи сам: Евтин витамински шампон против опаѓање на коса

Домашни маски за негувана коса

Домашен лосион против опаѓање на коса

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *