Интегрални орео колачиња

Споделете со пријателите

10 дена по ред зборам дома дека сакам да направам здрави орео колачи, епа еве конечно им дојде редот.  

Состојки за колачите:

  • 2 чаши ‘ржано брашно (може и интегрално пченично)
  • 3 лажици какао
  • ½ прашок за пециво
  • прстофат сол
  • 3 лажици маслиново масло
  • ½ чаша пире од јаболка
  • 2 белки
  • 1 лажица мед

Состојки за намазот:

  • 100 g непечени индиски киснати во вода околу 2 часа
  • 1 лажица мед.

Начин на подготовка:

Во длабок сад првин ги измешав брашното, какаото, прашокот за пециво и додадов прстофат сол.

Со миксер во друг сад ги изматив белките, па ги додадов во нив и пирето од јаболка, маслиновото масло и медот.

На крај ги соединив двете смеси и добив едно големо убаво топче кое со сукало го извлеков во тенка кора. Со мала чашка вадев кружни форми. Ако ви се лепи сукалото на тестото слободно посипете малку брашно одозгора.

Ги печев на 160-180˚С околу 12-15 минути. Внимавајте и следете ги, сепак сите рерни се различни. Не им треба многу време, ако ги оставите предолго ги бидат потврди.

Намазот се подготвува најлесно на свет. Во блендер само ставете ги индиските и медот и блендирајте 1 минута. Се добива убава хомогена смеса.

Од смесата јас добив 28 дупли колачиња или 56 единечни.

Ставете малку од намазот на секое колаче и затворете одозгора со друго. Толку е дечки…орео колачите се готови за дегустација 😊

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *