Совршено избалансиран, прекрасен лесен и брз ручек после кој нема да се чувствувате преполнето и млитаво.
Одличен е и за пред тренинг затоа што јаглехидратите од тестенините ќе ги наполнат гликогенските резерви и ќе ви дадат сила и енергија.
Секогаш оброкот јадете го минимум 3 часа пред да вежбате.
Ставив скоро се што имав во фрижидер сакајќи да подготвам ручек кој ќе биде енергетски и нутритивно богат.
Состојки:
- интегрални тестенини – 60 g – мерени пред варење
- 1 мала туна
- 1/2 домат
- 1/2 краставица
- неколку листови спанаќ
- малку младо кромитче
- 1 лажица пченка
- малку хималајска сол и малку ладно цедено сончогледово масло.
Подготовка:
Тестенините ги варите, а зеленчукот го сечкате на ситни коцки. На крај мешате се заедно и попрскувате со малку маслиново или ладно цедено сончогледово масло и малку хималајска сол.

На здравје!








