Home Исхрана Како да подготвите овесно млеко

Како да подготвите овесно млеко

158
0

Често правам бадемово и кокосово млеко, но овесно немав пробано никогаш.

Можеби ќе ве интересира: Како да подготвите бадемово, кокосово и оризово млеко

После првиот обид сигурна сум дека ќе го правам почесто, затоа што за разлика од другите билни млека, овесното млеко има густина и поизразен вкус, особено е погодно ако правите нешто со него.

Јас направив 1 литар и го искористив во неколку рецепти. Дополнително го користев и за кафе, но направив и чоколаден крем со бадеми. Во видеото во кое ви покажувам како да го направите, имате и предлог рецепт за вкусен и здрав сладолед со овесно млеко.

Млекото се подготвува само од две состојки најлесно на цел свет.

Сè што ви е потребно е 100 g овесни снегулки, 1 литар вода, блендер и цедалка или газа.

Погледнете го начинот на подготовка:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here