Како да подготвите овесно млеко

Споделете со пријателите

Често правам бадемово и кокосово млеко, но овесно немав пробано никогаш.

Можеби ќе ве интересира: Како да подготвите бадемово, кокосово и оризово млеко

После првиот обид сигурна сум дека ќе го правам почесто затоа што за разлика од другите билни млека овесното млеко има густина и поизразен вкус, особено е погодно ако правите нешто со него. Јас направив 1 литар и го искористив во неколку рецепти.

Во видеото во кое ќе ви покажам како да го направите, имате и предлог рецепт за вкусен и здрав сладолед со овесно млеко.

Дополнително го користев и за кафе, но направив и чоколаден крем со бадеми.

Млекото се подготвува само од две состојки, најлесно на цел свет.

Се што ви е потребно е 100 g овесни снегулки, 1 литар вода, блендер и цедалка или газа.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *