Кокос чизкејк

Споделете со пријателите

Ако сакате кокос тогаш овој десерт мора да го пробате. Многу лесно се прави затоа што се само од два слоја.

Јас иницијално кога го направив го ставив во замрзнувач за да се стегне убаво и за да можам да го исечам, но потоа можете да го чувате и во обичниот фрижидер.

Состојки:

за кора (долен дел):

  • 100 g лешници
  • 50 g овесни снегулки
  • 50 g кокосви трошки (тие што се 100 g 20-тина денари 😊)
  • 1 лажица или 10 g какао
  • 2 лажици путер од бадеми (може и било кој друг путер од јатки) – Fit Delights – можете да си нарачате тука
  • 3 лажици кокосово масло
  • 2 лажици ливадски мед – Fit Delights – можете да си нарачате тука

кокос фил:

  • 100 g непечени индиски киснати во вода
  • 1 лименка кокосово млеко – од тоа од Кам што е полно масно
  • 1 канче грчки јогурт или 150 g
  • малку ванила
  • 50 g кокосви трошки
  • 2 лажици мед
  • 3 лажици кокосово масло

за наросување: рендано темно чоколадо (2-3 коцки)

Подготовка:

Подготовката можете да ја видите и на видеото, ама секако подолу имам и кратко опишано за да биде појасно.

За подготовка на кората во блендер или процесор ставете ги првин сувите делови и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа во таа смеса додадете го медот, кокосовото масло и путерот од бадеми. Блендирајте уште малку и потоа смесата натапкајте ја во кружно плехче.

Јас користев силиконско за да можам лесно да извадам, но ако немате такво ставете задолжително хартија за печење. Инаку моето плехче е со дијаметар 23 cm и од скоро ми е купено од Тинекс. Искрено многу е практично за вакви raw работи зошто лесно се вадат, но го користам и за печење.

Филот се подготвува така што сите состојки едноставно ги ставате во блендер и блендирате додека не добиете хомогена смеса.

Смесата кога ќе се изблендира не е нешто густа ама не се плашете, заради кокосовото млеко и масло ќе се стегне во фрижидер многу брзо и ќе биде супер за сечење.

И ете толку е, на крај само пред да ја сечете одозгора за да биде убаво и декоративно наросете малку рендано темно чоколадо, а може и мелени јатки.

Добар апетит 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *