Пита со јаболко и просо

Споделете со пријателите

Ова требаше да биде добро познатата солена пита со просо затоа што за неа синоќа ставив да се кисне просото. Ама сабајлево кога станавме некако повеќе ни се јадеше некој благ појадок па така ми се роди инспирација за оваа пита. Многу е слична на питата со хељда што ви ја споделив вчера на стори, само оваа е во блага верзија.

Одличен есенски предлог за здрав благ појадок или пак за десерт.

Состојки:

  • 100 g киснато просо (јас го киснев преку ноќ, но доволно е и 3-4 часа)
  • 1 јајце
  • 2 лажици грчки јогурт или павлака
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици кокосов шеќер (може да се стави и друг засладувач)
  • 50 g овесни снегулки
  • 50 g интегрално пченично брашно
  • 1 поголемо изрендано јаболко
  • малку цимер и ванила (по желба).

Подготовка:

Вака листата на состојки е можеби долга, ама подготовката на оваа пита е многу брза.

Фрлете ја водата во која се киснело просото и префрлете го во блендер заедно со јајцето, грчкиот јогурт, кокосовиот шеќер и маслиновото масло.

Блендирајте додека да добиете хомогена смеса. Смесата ќе биде течна.

Во друг сад измешајте ги снегулките, брашното, додадете малку цимет и ванила и истурете ја смесата од блендерот, на крај додадете го изренадното јаболко и се убаво соединете. Доколку смесата е густа додадете една до максимум две лажици вода (иако не верувам дека ќе биде густа), а ако е ретка додадете 1-2 лажици брашно или овесни снегулки.

Ставете ја питата во силиконско или тавче во кое ќе ставите хартија за печење.

Јас печев во силиконско со дијаметар 24 cm.

Се пече 10 минути на 180С во загрената рерна и уште 10 минути на 160С.

Ние ја комбинираме со грчки јогурт, џем од малини, путер од лешник и нашата здрава нутела од Fit Delights (може да си нарачате тука).

Совршенство од вкусови!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *