Home Рецепти Здрави десерти Интегрален колач со замрзнати јагоди

Интегрален колач со замрзнати јагоди

7
2

Искрено не знам дали бев толку гладна или навистина го погодив рецептот, но изедов цели 3 парчиња и вечерта се вратив по уште едно 😊

Овој колач е одличен за ужинка или пак за појадок заедно со овошје како додаток. Го направив пред два дена и вечерта кога беше топол го јадевме за ужинка, а следното утро Ана го јадеше за појадок со парченца банана и сок од портокал.

Потребни состојки (16 парчиња):

  • 1 чаша интегрално пченично брашно
  • 1 чаша мелени овесни снегулки
  • ½ прашок за пециво
  • 1/3 чаша маслиново масло
  • 2 јајца
  • 3 лажици кисело млеко
  • 2 лажици мед
  • ванила (по желба)
  • 50 g суво грозје
  • 50 g сува брусница
  • замрзнати јагоди – од око ставив
  • 2 лажици путер од лешник

Начин на подготовка:

Јајцата, киселото млеко, маслиновото масло, медот и ванилата ги ставата во блендер дури не се добие убава хомогена смеса.

Во друг сад го мешате брашното, овесните снегулки, сувата брусница, сувото грозје и прашокот за пециво. На крај ги соединувате двете смеси и ставате во плехче на хартија за печење.

Се пече во загреана рерна на 180˚С околу 20-тина минути. Ќе проверите со чачкалица дали е суво внатре. Може да ја оставите и подолго внатре, а можете да ја покриете и со фолија за да не прегори одозгора.

Времето и начинот на печење многу зависат од рерната и од нејзината јачина затоа што не сите рерни се исти.

Заради јагодите колачот е малку влажен, но не плашете се дека не е испечен внатре. Кога ќе се подизлади ставате одозгора од путерот од лешници и уживајте!

2 COMMENTS

Leave a Reply to v.k. Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here