Чоко-бомбици со рум

Споделете со пријателите

Рецепти за бомбици има многу и јас многу често споделувам затоа што се најпрактичната и најлесната ужинка. Можете да измешате буквално се што имате во добар однос за да ја добиете потребната густина и да направите топчиња.

Практични се за носење на работа или било каде и да одите. Можете да си ги замрзнете па да имате здрава ужинка и 2 недели.

Потребни состојки (за околу 20 бомбици) :

  • 180 g јаткасти плодови (јас користев мешавина од непечени бадеми и лешници, но може било што)
  • 100 g овесни снегулки
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици мед (ако сакате поблаго може и 3)
  • 100 ml овесно млеко или било кое друго млеко
  • 4 лажици кокосови трошки
  • ½  лажичка арома рум
  • малку кокос и какао за валкање.

Начин на подготовка:

Во блендер или сецко ставете ги првин јаткастите плодови и овесните снегулки за да се станат како брашно. Потоа во длабок сад измешајте ги заедно со сите други состојки и формирајте топчиња. Валкајте ги по сопствена желба. Јас половината ги влакав во кокосови трошки, а другата половина во какао.

Вистинско уживање се.

Од нутритивен аспект 1 бомбица има околу 99 калории, 7.7 g јаглехидрати, 6.9 масти и 2.5 протеини.

Нутритиентите се одлично избалансирани така што 2 бомбици се сосема доволни за да ги задоволат потребните енергетски потреби за една квалитетна ужинка.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *