Одличен предлог за вкусен ручек или вечера. Наутот е извонредна намирница која е полна со протеини.
Во 100 g наут има дури 20 g протеини и 1/3 од дневните потреби за магнезиум и железо.
Потребни состојки:
- 100 g варен наут (можете и од конзерва, иако подобро е сами да го сварите)
- 1 краставица
- 1 домат
- ½ главица црвен кромид
- малку магдонос
- 1 лажица маслиново масло
- сок од половина лимон
- сол и црн бибер (по желба).
Начин на подготовка:
Помешајте ги сите состојки и уживајте во свежиот и хранлив оброк!
Добар апетит!
Можеби ќе ве интересира:
Вкусни мафини од наут и зеленчуци
Хумус: најздравиот деликатесен намаз
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.