Овесни колачиња со моцарела или урда

Споделете со пријателите

Нема некоја филозофија во правењето здрави колачиња, можат на 100 слични, но различни начини. Овој пат со Ана направивме солени овесни колачиња кои беа феноменални.

Потребни состојки за 15 колачиња:

  • 80 g путер
  • 2 јајца
  • 100 g моцарела или урда
  • 150 g мелени овесни снегулки
  • 100 g пченично интегрално брашно
  • 3 лажици мелени семиња
  • малку пециво.

Начин на подготовка:

Се печат на температура од 160˚С околу 15-тина минути. Но, следете си ги затоа што секоја рерна е различна. Мојата е прилично јака па работите брзо ми горат ако не ги внимавам и затоа не сум некој репер за степени.

Можете да ги комбинирате со хумус, павлака, грчки јогурт, ајвар, само со јогурт. Имате слобода да бирате многу различни комбинации затоа што имаат неутрален и одличен вкус, а се супер нутривно богати.

Нутритивни вредности по колаче:

  • 94 калории
  • 10.9 g јаглехидрати од кои 1.8 g влакна
  • 3.2 g масти од кои 1.8 g заситени
  • 4.5 g протеини

На здравје, до следно готвење 😊

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *