Потпечено пилешко со зеленчук

Споделете со пријателите

Пилешко искрено користам само домашно, но овој пат Дарко донесе од продавница стек и имаше желба да го направам некако. Немав многу време ниту пак имав нешто многу намирници низ фрижидер, но со тоа што имав добив прекрасен гурмански оброк. На крај неговиот коментар беше, “Па, Драгана ова може да се служи и во ресторан”.

Целата подготовка и се вкупно ме фати 20 минути.

Ние го јадевме за вечера, но подобра опција е за ручек. Содржи малку јаглехидрати и е совршен оброк со низок гликемиски индекс.

Потребни состојки:

  • 1 поголема пиперка
  • ½ тиквица
  • 1 морков
  • 2 лажици мешавина златен микс (грашок, пченка, морков)
  • 2 лажици маслиново масло
  • 300-400 g пилешки стек
  • малку сол, црн бибер, лук и куркума
  • 1 лажица сенф
  • 30-тина g кашкавал
  • свежи краставици за салата.

Начин на подготовка:

Најпрвин месото исечкајте го на помали коцки и ставете го заедно со маслиново масло во тава со капак која не лепи (ако немате таква тава може и во тенџере). Кратко запржете го додека малку не зарумени и потоа додадете го зеленчукот насечкан на коцки или на поскаувани форми. Промешајте, додадете сол, поклопете и оставете го да се динста и зеленчукот и месото во сопствените сокови.

Солта прави хиперосмоалрна средина па стимулира и месото и зеленчукот да ги испуштат соковите. Динстајте така додека има вода/течност. На крај додадете ги другите зачини и сенфот и убаво промешајте.

Префрлете го месото и зеленчукот во сад кој можете да го ставите во рерна, наросете одозгора малку рендан кашкавал и запечете го само 5 минути.

Комбинирајте го овој оброк со свежа салата задолжително. Совршенство од вкусови е, ќе го правам почесто дефинитивно!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *