Овој здрав, брз и лесен десерт може да биде одлична опција за појадок.
Потребни состојки за корпичките:
- 70 g овесни снегулки
- 1 банана
- малку цимет (по желба)
- пола рака мелени ореви (или малку повеќе снегулки)
Испасирајте ја бананата и додадете ги останатите состојки. Се добро измешајте, смесата треба да биде густа. Ставете од смесата во калапи за мафини и со помош на лажичка или рачно направете дупчиња во средина. Печете ги во загреана рерна на 180˚С околу 20-25 минути додека малку не заруменат.
Состојки за кокосовиот крем:
- 50 g кокос (може да искористите и трошки и чипс)
- 1 лажичка кокосово масло
- 100 g несолена урда
- 2 лажици кокосово млеко (или некое друго)
- мед (или стевиа или било кој засладувач)
Сите состојки ставете ги во блендер или сецко и добро измешајте. Ако користите мед ќе добиете прилично густа смеса како за чизкејк, а ако користите некој сув засладувач, додајте малку млеко плус. Се зависи која густина би сакале да ја постигнете.
Овој крем може да го искористите и за некоја торта.
Декорирајте ги одозгора по желба, можете со чоколадо, со овошје или со путер од јатки.

Рецептот и сликите се на Елена Ѓорѓиевска.
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.