Доаѓам дома касно после вечерната прошетка со и Ана и тоа “мртва” гладна па си викам “Добро имам печурки ќе ги јадам со салата и тоа е тоа”.
Почнувам да ги сечкам и сфаќам дека повкусно ќе биде ако ставам се што имам низ фрижидер 😊
Резултатот на крај беше фантастичен, а ми беа потребни не повеќе од 10 минути.
Зеленчукот остана крцкав и сочен, а комбинацијата со зелена салата беше прав погодок.
Потребни состојки:
- неколку шампињони
- ½ главица кромид
- 1 пиперка
- 1 домат
- ½ модар домат
- малку маслиново масло
- хималајска сол и лук
- зелена марула салата
- 1 лажица семки од тиква и сончоглед.
Начин на подготовка:
Зеленчукот го сечкате на посакуваните форми, јас го сечкав на малку покрупно, потоа со капка маслиново масло го ставате во тава што не лепи и кратко запржувате. Многу брзо зеленчукот ќе пушти малку водичка и ќе се динста во сопствениот сок. Не гответе го долго, кога ќе видите дека се малку омекнало тргнете на страна, зачинете со сол и додадете свеж или лук во прав.
Комбинирајте го задолжително овој оброк со зелена салата и одозгора наросете малку семки од тиква и сончоглед.
Совршенство од вкусови за многу кратко време!
На здравје!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.