Чоко брауни барови со џем од јагоди и малини

Споделете со пријателите

Си ги замислував овие барови неколку денови и никако не ми доаѓаа на ред.

Уште пред да ги направам знаев дека ќе бидат совршени!

Потребни состојки:

брауни основа:

  • 150 g мелени бадеми
  • 1 лажица какао
  • 100 g киснати во вода урми

втор кремаст слој:

трет слој (џем од јагоди и малини):

  • 300 g овошје (мешавина од јагоди и малини)
  • 1 лажица мед
  • 2 лажички агар-агар (може да се замени и со желатин)

Дополнително ќе ви биде потребно и 150-200 g црно чоколадо заедно со 2 лажици кокосово масло за глазура.

Начин на подготовка:

Вака на прва можеби ќе помислите дека е сложено затоа што е од неколку слоеви, но всушност рецептот е едноставен ако сте добро подготвени со намирниците.

За подготовка на брауни основата првин во блендер измелете ги бадемите и какаото па потоа додадете ги урмите и уште малку блендирајте. Ќе се добие смеса како паста. Е јас тука во овој момент направив грешка при првиот обид на подготовка на баровите. Наместо да ги измелам првин само бадемите (суви) јас ставив се заедно и од влажните урми блендерот не можеше да ги иситни бадемите па морав од смесата да направам бомбици (ако имате појак блендер ова најверојатно нема да се случи, но сакам да го напоменам).

Кога ќе ја добиете брауни пастата натапкајте ја во некој коцкаст или правоаголен сад во кој ќе ги правите баровите.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО користете хартија за печење за да можете после лесно да ги извадите!

Го тапкате првиот слој и тоа е тоа. Вториот слој е прелесен, путерот од кикиритки го соединувате само со кокосовото масло во сад и ја истурате смесата врз брауни основата.

Сега ставете во замрзнувач и почекајте да се стегне. Кога прстот нема да ви пропаѓа во путерот од кикиритките можете да го подготвите и последниот слој.

Ако користите замрзнато овошје, одмрзнете го и фрлете му ја вишокот вода. Ставете го овошјето во бледнер заедно со 1 лажица мед и бледнирајте. Оваа смеса заедно со 2 лажички агар-агар загрејте ја на тивок оган кратко за да се активира агар-агарот. Значи не до вриење никако, само малку да се затопли. Ако користите желатин постапката за активација на желатинот ја имам објаснето во мојата роденденска торта (преверете тука).

Истурете го џем слојот одозгора и вратете во замрзнувач уште 1 час.

Потоа извадете ги и исечете ги баровите на коцки или правоаголници.

Последниот чекор е чоколадната глазура. Секој бар валкајте го во стопено чоколадо.

Вратете пак назад да се стегне се заедно и тоа е тоа.

Чувајте ги во замрзнувач.

Поради природата на состојки нема замрзнуваат скрос само ќе бидат така ладни и неодоливи.

Ве предизвикувам да пробате.

На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *