Протеинска пица со мелено месо и брашно од спелт

Споделете со пријателите

И ова е еден гурмански ручек кој можеби е покалоричен, но добро избалансиран во однос на составот на макронутритентите.

Од оваа количина ќе добиете една голема пица која е доволна за оброк на четворица.

Потребни состојки за тестото:

фил:

  • домашно доматно пире
  • 300 g мелено месо
  • 2 млади кромитчиња
  • зачини по вкус + 1 мала лажичка сенф
  • малку кашкавал или моцарела.

Начин на подготовка:

За подготовка на тестото, првин со миксер изматете ги јајцата и јогуртот, потоа полека додадете го брашно и пецивото. Јас додадов точно 2 чаши брашно, но мешајте и следете ја густината. Во зависност од големината на јајцата можеби ќе ви биде потребно малку плус или малку помалку брашно. Густината треба да биде малку погуста од за вафли. Значи не очекувајте дека тестото ќе се меси. Не се меси, само се излива во плех во кој ќе се пече.

Кога смесата за тестото ќе биде готова истурете ја во плех во кој ќе ја печете пицата. Јас користев кружен плех кој пред да ја излеам содржината го премачкав со маслиново масло. Можете да користите и хартија за печење.

Пред да го ставате филот одозгора, ставете го тестото кратко да се запече. Го печев 10-тина минути на 180˚С.

Потоа извадете го и ставете од доматно пире, може да додадете малку оригано, па наредете го месото.

Месото претходно заедно со кромидот кратко го запржив во тава која не лепи со капка маслиново масло. Додадов хималајска сол, буковец, оригано, лук и малку сенф. Ставете го месото врз тестото па за крај изрендајте само малку кашкавал или моцарела.

Вратете во рерна и печете уште 10-15 минути исто на 180˚С, ако ви е појака рерната може и побрзо.

Комбинирајте со свежа салата или со чаша Баланс+ јогурт.

Во една порција односно во ¼ од пицата има околу:

  • 663 калории
  • 60 g јаглехидрати
  • 28 g масти
  • 36 g протеини

Иако вака напишано може личи комплицирано, но подготовката е брза. Ќе ви одземе не повеќе од 30 минути, а ќе уживате во преубав ручек.

На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *