Home Исхрана Протеинска пица на тостер за само 1 минута

Протеинска пица на тостер за само 1 минута

4
0

Вакви неодоливи и лесни рецепти се раѓаат само после добар тренинг кога си “жеден” за нутритиенти и енергија. Протеинската мешавина од @oriflamemk е “виновникот” за овој прекрасен оброк.

За подготовка ми требаа помалку од 5 минути и тоа во тие 5 минути спремав паралелно и оброк за Ана.

Состојки за тестото:

  • 2 лажици протеинска мешавина од @oriflamemk
  • 2 лажици мелени овесни снегулки
  • 1 јајце
  • 1 лажица маслиново масло.

Подготовка:

Сите состојки ги соединив во чинија и ја ставив целата содржина во убаво загреан тостер, буквално ми требаше само 1 минута за да се испече и од двете страни, но внимавајте тостерот мора да е убаво загреан и да има опција да се притисне, да не биде од тие тостери со вдлабнатина.

Друга опција е да ставите во нелепливо тавче и да ја испечете содржината како голема палачинка.

Кога тестото се испече го премачкав одозгора со павлака, наросив малку оригано и ставив малку рендан кашкавал, морков, краставица и неколку печурки. На крај наросив со мелени лешници и чиа семе.

Одозгора можете да ставите што сакате, ако сакате да биде помалку калорична може само доматен сос и зеленчуци.

Мене искрено после тренинг ми требаат калории, па сакав да биде покалорична.  

Вака наредена пицата со фил не се пече се јаде нешто во стил на ладен сендвич 😊

На листата за брзи оброци после варените јајца кои ми се секогаш опција кога сум во брзање дефинитивно ќе биде и оваа тостер ладна пица.

Од нутритивен аспект овој оброк содржи околу:

  • 491 калорија
  • 30 g протеини
  • 30 g јаглехидрати
  • 25 g масти
  • 7 g влакна

Епа дечки ве чекам со тагови, ова дефинитивно мора да го пробате 😊

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here