Home Рецепти Здрави десерти Сникерс коцки

Сникерс коцки

117
0

Неколку пати до сега имам правено сникерс барови, сладолед, па дури и торта, но мислам дека ова е вистинскиот рецепт кој заслужува да го носи името СНИКЕРС! 😊

Подготовката е лесна и брза, и за кратко време имате здрав и неодоливо вкусен десерт.

Чувајте ги овие коцки во замрзнувач, и ќе имате здрава ужинка и две недели (ако издржат до тогаш 😊).

Потребни состојки:

прв слој:

  • 100 g непечени бадеми
  • 100 g овесни снегулки
  • 100 g урми (киснати во вода околу 1-2 часа)
  • 3 лажици кокосово масло.

карамел слој:

  • 100 g урми
  • 50 ml некое билно млеко (јас користев полномасно кокосово, но може какво било)
  • 3 лажици путер од кикиритки.

чоколаден слој:

  • 150 g темно чоколадо со 75% какао
  • 100 ml млеко (исто како погоре – какво било)
  • 3 лажици кокосово масло
  • 100 g мелени несолени, но печени кикиритки.

Начин на подготовка:

За подготовка на првиот слој бадемите и овесните снегулки ги ставив во блендер за да станат како брашно, потоа во блендерот ги додадов киснатите урми и кокосовото масло, и бледнирав многу кратко само колку да се соедини смесата. Поради урмите ќе стане леплива и густа.

Смесата ја натапкав во плех во кој ставив хартија за печење за потоа лесно да може да се извади. Јас користев плех во форма на коцка (20 х 20 cm).

За вториот карамела слој урмите, млекото и путерот ги избелндирав со рачен блендер.

Го ставив карамела филот врз основата, и оставив во замрзнувач да се стегне додека го подготвував последниот чоколаден слој.

За чоко слојот чоколадото, млекото и кокосовото масло ги ставив на тивок оган за да се соединат.

Пред да го ставам чоколадниот слој врз карамела слојот, половина или 50 g од мелените кикиритки ставив измеѓу, значи само ги насипав врз карамела слојот па го ставив чоколадниот.

Можете кикиритките да ги оставите и на покрупно, но јас заради Ана ги изблендирав на поситно.

Потоа истурете го и распоредете го и чоколадниот слој, и врз него насипете ги другите 50 g мелени кикиритки.

Оставете во замрзнувач да се стегне и потоа насечкајте на посакуваните форми. Јас направив мали коцки. Ми излегоа околу 30.

Не можам да ви опишам колку вкусот е вистински сникерс, но кога јадете немате грижа на совест дека сте изеле празни калории!

Ве очекувам со неодоливо вкусни слики. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here