Home Рецепти Здрави десерти Здрав чоко-ролат

Здрав чоко-ролат

79
0

Состојки за тестото:

  • 4 јајца
  • 3 лажици оризово брашно (или пченкарно)
  • 2 лажички какао (или рогач)
  • 1 лажичка пециво.

Начин на подготовка на тестото:

Најпрвин одделете ги белките и жолчките од јајцата, и убаво изматете ги белките до бела густа пена. Потоа останатите состојки убаво измешајте ги со жолчките, и со помош на силиконска шпатула или лажица полека постепено и нежно измешајте ги белките со останатата смеса. Ќе добиете многу нежно тесто. Ставете го во плехче на хартија за печење и убаво со шпатула распределете го за да добие форма на правоаголник (не многу дебел слој). Печете во загреана рерна на 160˚С, 10 минути.

Потоа готовото тесто извадете го од рерна и покријте го со мокра крпа, па завиткајте во форма на ролат и оставете малку да се олади. Со овој чекор му ја даваме на тестото посакуваната форма, за да можеме после да го филуваме.

Состојки за кокосов крем (фил):

  • 50 g кокос (трошки или кокосов чипс)
  • 1 лажичка кокосово масло
  • 100 g несолена урда
  • 2 лажици кокосово млеко (или некое друго)
  • мед (може стевиа или кој било засладувач што го користите)

Начин на подготовка на кремот и филување:

Сите состојки ставете ги во блендер или сецко и добро измешајте ги. Ако користите мед ќе добиете смеса густа како за чизкејк, а ако користите некој сув засладувач, додајте малку млеко плус.

Кога тестото малку ќе се олади полека извадете ја мократа крпа и премачкајте го со кремот, па завиткајте повторно.

За одозгора само стопете едно црно чоколадо.  

Мислам дека и од сликите можете да ја почувствувате неодоливоста на овој десерт кој го направи Елена Ѓорѓиевска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here