Овесната каша е секогаш паметен избор за здрав појадок кој можете да го подготвите дома набрзина и да го земете со себе на работа, на факултет или на училиште.
Споделуваме со вас одличен предлог за брза овесна каша по препорака на наша верна читателка Ана Тасева која исто така обожава да експериментира во кујната и да подготвува здрави оброци.
Потребни состојки:
- 4 лажици овесни снегулки
- 1 лажица ленено семе
- 200 ml оризово млеко (проверете како сами да си направите оризово млеко)
- 1 банана
- малку цимет
- кокосови трошки
- боровинки
- 1 лажичка сончоглед
- малку сецкани ореви
- 1-2 суви урни
- 1 лажица путер од кикиритки.
Начин на подготовка:
Овесните снегулки и лененото семе потопете ги во оризовото млеко и оставете ги да ја впијат течноста околу половина час. Потоа додадете ги другите состојки полека и декорирајте по сопствена желба.
Овесната каша можете да ја направите и во тегличка за носење.
Добар апетит!









Дали е подобро овесните снегулки да се сварат или само да се покиснат?
можете и на двата начини, мене искрено многу повкусни ми се кога се варени споредено со покиснати