Овесната каша е секогаш паметен избор за здрав појадок, кој можете да го подготвите дома набрзина и да го земете со себе на работа, на факултет или на училиште. 🙂
Споделуваме со вас одличен предлог за брза овесна каша по препорака на наша верна читателка Ана Тасева која исто така обожава да експериментира во кујната и да подготвува здрави оброци.
Потребни состојки:
- 4 лажици овесни снегулки
- 1 лажица ленено семе
- 200 ml оризово млеко (проверете како сами да си направите оризово млеко)
- 1 банана
- малку цимет
- кокосови трошки
- боровинки
- 1 лажичка сончоглед
- малку сецкани ореви
- 1-2 суви урни
- 1 лажица путер од кикиритки.
Начин на подготовка:
Овесните снегулки и лененото семе потопете ги во оризовото млеко и оставете ги да ја впијат течноста околу половина час. Потоа додадете ги другите состојки полека и декорирајте по сопствена желба.
Овесната каша можете да ја направите и во тегличка за носење.
Добар апетит!
Повеќе рецепти за здрави појадоци пронајдете тука.









Дали е подобро овесните снегулки да се сварат или само да се покиснат?
можете и на двата начини, мене искрено многу повкусни ми се кога се варени споредено со покиснати