Брз и лесен рецепт за здрава ужинка. 🙂
Потребни состојки:
- 80 g мелени ореви
- 100 g овесните снегулки
- 50 g кокос
- 3 лажици мед
- 2 лажици сторено кокосово масло.
*доколку смесата ви е сува додадете сосема малку вода
Начин на подготовка:
Сите состојки изблендирајте ги во блендер или процесор за храна, и израмнете ја смесата со помош на шпатула во плехче.
За средишниот слој потребен ви е само путер од кикиритки.
Горниот слој е стопено темно чоколадо.
Декорирајте по желба, можете да искористите кокос и сува брусница. Оставете во фрижидер да стегне и потоа со помош на нож исечете посакувани форми.
Рецептот е на Елена 😊








