Зошто избравте да вежбате во FITLIFE? – реални искуства

Споделете со пријателите

Минатата година на 25-ти март беше официјалниот старт на онлајн групата за вежбање, така што денес славиме прв роденден.

Беше тоа година на предизвици и адаптации, но сепак најдовме начин да го извлечеме најдоброто од нашите вежбачи. Успеавме да мотивираме и да бидеме постојни во тоа што го работиме, а доказ за тоа ни е вашата редовност и задоволство од нашата работа. Ова се однесува не само на онлајн часовите, туку и на часовите во сала кои иако во услови на пандемија, сепак се одвиваат непречено запазувајќи ги сите протоколи и мерки.

Многу сум среќна што многу од оние кои вежбаат кај нас, вежбаат уште од самиот старт, од отворањето на FitLife, а некои дури и пред тоа кога јас држев часови во друг клуб. Тоа ме натера да ги запрашам што е тоа што ги мотивираа и што ги натера да го изберат FitLife?

Одговорите и цитатите на сите кои го споделија искуството се во продолжение. Ова се реални искуства на луѓе на кои веќе сме им го промениле животот на подобро, луѓе кои ги почувствувале придобивките од редовната физичка активност.

Сите овие искуства ги споделувам со една цел, да ве МОТИВИРАМ сите вие кои сеуште се двоумите дали е времето и кога треба да започнете. Треба ВЕДНАШ! Затоа што вежбањето прави чуда, ве менува и физички и ментално  и најпросто кажано ви го прави животот поубав.

Секој почеток е тежок и напорен и треба време рутината да ви везе во животот, но придобивките од редовната физичка активност се огромни. А дека тоа е така прочитајте од искуствата во продолжение.

Почнав на крај на август 2019 година по препорака на братучетка ми и морам да признаам дека уште од првиот, вториот час почнав да го организирам целиот живот околу часовите. Фитлајф ме исполни со енергија и позитива. Кога почна пандемијата мислев толку ќе биде од приказната. Но, Драгана, Елена, Ивана, Нена и Марина не дозволија тоа да биде крајот. Веднаш почнаа со онлајн часови и тогаш кога беше најтешко и кога бевме затворени дома, тие ни помогнаа да издржиме, со секој онлајн час. Приказната продолжува и пресреќна сум што ги запознав сите инструкторки, но и вежбачките. Се чувствувам дека сите сме дел од едно големо семејство. Фала Ви! ❤️❤️❤️

Александра Цветковска

Ве запознав случајно а еве веќе 3 години останав затоа што сте најдобри ❤️ Во сала, во парк, на отворено, затворено, вежбаме до максимум.. Дружба, совети, искуства, станавме едно семејство.. Тоа е позитивна енергија што се пренесува и едноставно доагаш почнуваш и остануваш засекогаш со нас❣️

Катерина Јовановска

Заради незаменливата автентична енергија, заради мотивацијата, затоа што Fitlife е начин на живот, затоа што те трансформира телесно, ментално и духовно, затоа што …. едноставно, затоа што е Драгана. 🙂

Ана Масларова

Јас почнав поради Марина, каде таа таму и јас . Инаку сите сте прекрасни, ве обожавам . Многу ми фали вежбањето во сала, штета што нема простор некаде во Аеродром. Поздрав голем до сите.

Весна Давчевска

Драгана ја знам од поодамна, другарки имаа вежбано плус за рецептите отсекогаш сите околу мене те фалеа. Лани кога решив дека морам да се променам како се понашам спрема своето тело како кец на десетка ми дојде твоето стори на инста дека се отвара нова група во Ново Лисиче и уште веднаш без ни трошка двоумење ти пишав за да се пријавам. Ете толку ми требаше мене 💖 sending virtual hugs to all of you 🍀

Ивана Пецовска

Вежбам со Fitlife и Драгана бидејќи се чувствувам убаво за време на и по часовите и поради позитивната енергија што ја има помеѓу членовите ❤🍀

Катерина Јовановска

Почнав да вежбам со вас по препорака, сега не би ве сменила за никој друг. Чувството не се објаснува, се гледа по секој извежбан ЧАС СО ВАС. Со ВАС ќе вежбам до моја 100 ♥️♥️♥️😘😘😘

Јулијана Талевска

Секој час е посебно убав, инструкторите посветени, организирани. Благодарение на вас вежбањето ми стана вистинско задоволство. Најдобри сте! 🥰

Слободанка Атанасова

Вежбам во Fitlife бидејќи ја добивам потребната мотивација и позотивна енергија од сите инструктори и сум среќна што сум дел од Fitlife и што се пронајдов во вежбите и ме исполнуваат во целост и воедно и здравата исхрана станува дел од моето секојдневие 🍀♥️🍀♥️ Ви благодарам Fitlife најдобри сте ♥️♥️♥️

Марија Тарчуговска

Зошто вежбам со вас?! Можам цели фермани, а можам само една реченица да напишам: Ве чувствувам сите како семејство, а кога ќе почувствувам такво чувство таму и останувам! Имам бесплатни можности да вежбам во други студија, не ги сакам, останав тука, тука ја добивам потребната сила, сите сте ми 💖. Ми се допаѓа што не се повторувате во вежбите, ја негувате женственоста преку разговор, љубезност, исхрана, рецепти со Драгана, баш сте ми лавици, посебно кога ве гледам дека создавате семејства и продолжувате со активности. Вие сте бренд за вистински жени! Е сега да се пожалам што не сум во сала, се повеќе и повеќе ми фалите, ама знаете дека морам да се чувам 💖

Маја Трајковиќ

Затоа што ми се преубави вежбите, текот како и разновидноста на часовите, никогаш не ми е досадно (речиси најбитно😊). Сите инструкторки сте уникатни, професионални, секојдневно се update-ирате и сте најсупер секоја на свој начин. Не се за занемарување советите и рецептите кои ги објавувате, така да пронајдов еден долгобаран спој на body and mind што не би го менувала за ништо слично.🥰🥰

Милена Заовска

Виновникот е Марина. Таа беше почеток на приказната, а потоа едноставно се поклопи ја енергиите, потоа ме плени вашата професионалност, издржаност, спонтаност, непосредност, различната понуда на инструктори кои нудат различни содржини, енергии, динамичност во вежбите, соработката со нас како вежбачи и секако пријатното чувство кое го имам после секој час со вас. Честитки.

Даниела Јовановска  

По препорака… во која денес верувам дека била СИНЕРГИЈА.

Оља Тошева

Првиот пат дојдов во клубот затоа што сте ми во маало, тоа ми беше најбитно. Но, продолжив затоа што сте оригинални, различни и најважно затоа што го правите тоа со цело срце 🤍🤍🤍

Билјана Стефаноска

Еве и јас ќе си кажам 🙂

Пред една година, после повеќе од една деценија активност во еден друг фитнес клуб можев да бирам како да продолжам со мојата пасија, љубов, задоволство, а тоа е да продолжам со Јога и Пилатес часови. Без многу размислување се одлучив да ја прифатам поканата за соработка на Драгана. Познавајќи ја неа како човек и знаејќи ја нејзината посветеност во ова што го прави знаев дека нема да згрешам.

Во право бев, Фитлајф се развива и расте секојдневно и едвај чекам кога кризата со вирусов ќе заврши и ќе се вратиме во салите во полн капацитет. До тогаш ќе се дружиме виртуелно, а со похрабрите и директно. Фитлајф секогаш ќе наоѓа начини да им даде избор на сите тие што ќе пројават интерес за подобрување на нивната физичка подготвеност и преку прекрасните часови како и преку корисните совети и препораки за правилна исхрана.

Продолжуваме заедно да се подобруваме! 🤗❤

Марина Пешиќ (инструктор)

Пред неколку години го одбрав FitLife сосема случајно, за да пробам пилатес, а сега сум сигурна дека го направив вистинскиот избор. 😊

Лидија Мазневска

Од муабет со другарка, каде ми споделуваше за нејзиното позитивно искуство со вас, така и јас се приклучив и не погрешив.

Одлични сте, нема никаков притисок во овие онлајн часови, сите вежби се различни и динамични свој начин, со убава енергија што мотивира да си вежбаме, а со сето ова си издвојуваме време само за себе. Продолжете така! 🥰

Зорица Иванова

Затоа што вежбите се многу разновиди (секој тренер е посебен на свој начин ). Затоа што сме флексибилни со време кога може да се вежба часот. Затоа што се чувствува трудот што се вложува за сето ова да функционира одлично 🤍

Мартина Алексова

Ти благодарам за посветеноста Драгана. Ти посакувам да растете со Fitlife, а и ние заедно со Вас кон успех и здрави навики. Само напред! ❤🥰🏃‍♀️

Кристина К. Стојанова

Пред точно година дена матичната докторка ми ги препиша FITLIFE × 1 час 4 пати во неделата како задолжителна терапија 😂 Веднаш си почнав со истата и да чукнам во дрво, без никакви други суплементи и дополнителни лекарства. На тој начин за сето ова време успеав да си го зајакнам имунитетот и да си го сочувам физичкото и менталното здравје 😘 Ми напомена дека предизвикуваат зависност, па од тогаш па наваму не можам да си го замислам животот без нив ❤

Марија Туџарова

Почнав да вежбам во FITLIFE затоа што после затварањето на салата во Пробиштип каде што одев на фитнес продолжив да вежбам сама дома и ми стана монотоно и тешко да наоѓам вежби. Решив да пробам еден месец кај Драгана бидејќи ја следев на Инстаграм и убаво ми изгледаше тоа што го работи. Не згрешив – тренинзите се одлични, интересни, со интензитет каков што ми одговара мене, инструкторките сите позитивни, стручни и добри 💯 Силно препорачувам на сите да почнат да вежбаат тука бидејќи ова е ЗДРАВЈЕ – позитивното чувство кога ќе се испотите после добро после тренинг не се заменува со ништо друго. Освен што сум фит и во форма, изгледам добро и имам тонирани мускули, исто така со вежбањето си го одржувам и менталното здравје. Вежбањето ми дава повеќе енергија за да ги завршувам работните и домашните обврски. Онлајн вежбањето има и некои предности бидејќи не се губи време за да се стаса до сала и потоа да се дојде дома. Честитки за успешната година онлајн вежбање, продолжете само вака па со текот на времето може и ќе остане како опција да се вежба онлајн и покрај редовното вежбање во сала. Поздрав до сите од Fitlife 💯❤️❤️❤️✅

Јасмина Тоневска

Fitlife – зошто? Има милион причини зошто баш Fitlife да биде моето место каде што ќе вежбам. Овде не добив само 1 час вежби какви такви, овде секој час е поинаков, има вежби за секој дел од телото, има избор на тренинг за сечии вкус и желба, има мотивација, секоја инструкторка е посебна. Сите даваат се од себе максимално за тој еден час да не пројде само колку да се рече дека вежбаш, така што мислиш си на индивидуален тренинг, а не на групен, па дури и на онлајн часовите кои веќе 1 година ги практикувам јас лично. Освен тоа, овде има совети за здрава храна, рецепти кои се реални, од неодамна има и линија производи Fit Delights кои се сосема здрави и не содржат никакви додатоци. Меѓу членките има енергија, разни муабети дури и на чат. Јас со нетрпение и возбуда го чекам секој нов час. Едноставно неодоливи се, мора да ги избереш за твое прибежиште од 1 час уживање во вежбање 💪🏋️‍♀️🧘‍♀️

Тања Шахпаска

Вежбам со Fitlife затоа што секој ден го правите подобар, заради предобрите, позитивни инструктори, а највеќе заради позитивната енергија. Ве обожавам ❤

Ивона Котеска-Митровска

Вежбам со вас веќе некое време и не би ве сменила за ништо и никој. Откако ќе извежбам некој ваш тренинг се чувствувам препородена, полна со позитивна енергија. Вие сте секогаш 300% посветени на нас бидејќи преку секој тренинг и виртуелно пренесувате љубов и забава. Бескрајно фала и љубов до сите ❤️

Кети Ристова

Вежбам со Фитлајф нешто повеќе од година. Групата има фантастична енергија што се пренесува, иако вежбате онлајн. Мислам дека ми го промени животот на многу подобро и едноставно станав зависна од „дружбите“ со девојките 😊. Најневеројатно е што секој час е посебна приказна и различен од другите. Секогаш можете да го бирате темпото за кое што сте расположени, затоа што во нивната онлајн датабаза има буквално сè!

Ви благодарам од срце што ме направивте многу посреќна во оваа измината година ❤

Весна Поп-Димитријоска

Јас избрав да вежбам со FITLIFE поради инстаграм профилот на Драгана.

Се дружиме заедно од почеток на месец Март, но сигурно ќе продолжам, прво поради инструкторките кои се одлични (не ја ни спомнувам нивната стручност и професионалност 👏), и второ, поради тоа што од мојата соба можам да извежбам се она што и во сала!

Програмата е одлична! 🤗

Јасмина Бебекоска

Случаен старт и тоа многу одамна, дружба на повеќе локации, па дури и онлајн 🙂, а задоволство константно бидејќи Драгана профи си, нема што 😘

Љупка Индирова

Фитлајф сосема случајно го открив на социјалните мрежи пред неколку години кога се отвори. Ми одговараше заради близината и затоа што подолго време сакав да пробам пилатес, особено што имаше Power Pilates, како активна вежбачка. Фитлајф се виновни затоа што ме наполнија со позитивна енергија, се навлеков на пилатесот, ми се промени телото скроз и што е најважно почнав повеќе да внимавам на себе и на моето здравје. Најголем успех мислам е што постепено успеав и начинот на исхрана да го сменам и да верувам дека и здравото благо е одлично, ако не и повкусно веќе сега 😁♥️

Билјана Здравковска

Затоа што сте посебни, знаете како да мотивирате, да го извадите максимумот од мене и тогаш кога енергијата е на нула. Главни виновници сте што кога нема да извежбам 3 пати неделно се чуствувам како најголем злосторник 😉 Мотиватори не само за вежбање, туку и начин на живот генерално, исхрана … или во кратки црти чест е да се биде дел од Фитлајф семејството 😘

Соња Чамевска

Година дена дружба со Fitlife за мене значат дружба со едно прекрасно, енергично семејство, кое со максимален ентузијазам и постојана професионалнос, успешно се грижи за нашето физичко и ментално здравје. Се што може некој да посака, на едно место: аеробик, пилатес, јога, совети за вежбање, едукација за исхрана, рецепти за храна…една комплетна целина, еден бренд наречен Fitlife. Ти благодарам Марина Пешиќ што ме запозна со ова семејство. Многу ве сакам, и ќе се дружиме уште многу долго 😀

Светлана Чкоровска Аврамовиќ

Вежбам со Fitlife затоа што секој час е посебен и различен😀 Затоа што ги задоволувааат сите наши желби за каков час да имаме 😀Затоа што вежбаме безбедно од дома во термини кога нас ни одговара❤️

Христина Чешлароска

Почнав од најпрактична гледна точка – најблиска опција до работа и најголема заштеда на време.

Многу поважно, продолжив бидејќи сфатив колку имав среќа што сум дел од една ваква група со прекрасни инструкторки 🙂

Енергија, максимална посветеност, смеа, позитивни искри па дури и во време кога се изгледа невозможно💫

Фала ви! 🥰

Александра Царцанидис

Фит Лајф го открив сосема случајно на социјалните мрежи. Подолго време ги следев објавите со рецепти и други совети за здрава исхрана и бев запознаена со тоа дека има групи за вежбање. Ама јас вежбав веќе на друго место. 😊 Кога почна ситуацијата со корона вирусот и кога видов дека Фит Лајф нуди можност за онлајн часови воопшто не се двоумев. Мислам дека пријавувањето за овие часови ми е “најимпулсивното” нешто што го имам некогаш направено. И една од најдобрите одлуки! Се чувствував прекрасно, килограмите се намалуваа, а кондицијата ми стана како никогаш пред тоа. Без Фит Лајф не знам како ќе го преживеев карантинот и викендите во lock down. Ви благодарам за се и одиме понатаму во нови дружби!

Евелина Алибеговска

Јас го одбрав Fitlife затоа што пред профилот на Драгана бројот на зготвени јдења од моја страна беше 3 (јајца, макарони и ориз). Па си викам кога од мене направи готвач, сигурно и пилатесот е екстра 😁

Катерина Јакимоска

После неколку години конечно го најдов тоа што го барав и тоа што ми треба, ве запознав, вас и уште од првиот час знаев дека тоа е она вистинското по кое трагав. Конечно се почувствував своја, среќна, исполнета 🍀💖

Fitlife едноставно е нешто што кој ќе извежба барем еден час со вас ќе види дека тука веќе нема откажување 🙈 Позитивна енергија, максимална посветеност, одлична онлајн дружба, а за чувството после тренинг да не зборувам 😍…па што повеќе 😍😍😍

Елена Калајџиевска

Се надевам дека овие вистински цитати и реални искуства ќе ве мотивираат и Вас да направите промена и да започнете со физичка активност без одложување. Пронајдете го она што одговара најмногу за вас и започнете уште денес. Ако сте доволни сигурни во одлуката, ќе УСПЕЕТЕ!

Ние сме секако тука да ви помогнеме во тоа, заедно со вежбањето овде на сајтот имаме и безброј рецепти и совети и секојдневно носиме здравје кај многу семејства!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *