Шарена салата

Споделете со пријателите

Мислам дека нема поубава вечера од ваква шарена и богата салата. Навистина е едноставно затоа што можете да ставите се што имате во фрижидерот од заостанат зеленчук.

Уживам во вакви шаренила, можам да јадам 5 пати на ден.

Состојки:

  • ½ тиквичка
  • 10-тина шампињонини
  • марула
  • рукола
  • морков
  • малку младо кромитче
  • суви домати (по желба, јас ги имам од мајка ми во тегла со маслиново, значи ВРВ се, сегде ми одговараат 😊)
  • 3-4 маслинки
  • малку пармезан
  • сол, маслиново масло и сок од лимон.

Подготовка:

Тиквичката и шампињоните кратко ги запеков на грил тава со капка маслиново масло. Зеленчукот и сите други состојки ги измешав во поголема чинија. Одговора ги ставив печени тиквичка и печурки, додадов малку пармезан и зачинив со малку маслиново масло, сол и сок од лимон.

Само 10 минути за неодоливо вкусна и здрава вечера.

До следно готвење 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *