Raw барови со вишни

Споделете со пријателите

Неодоливо вкусен десерт кој се подготвува навистина лесно и брзо. Можете да си го чувате во замрзнувач и да си имате вкусна и здрава ужинка цела недела.

Состојки за прв слој:

  • 125 g кокосово брашно (користев баш брашно, не трошки, купено ми е од Zegin Healthy Food)
  • 4 лажици ленено семе
  • 100 g путер од кикиритки од @fit.delights.fitlife
  • 50 ml бадемово млеко
  • 3 лажици мед од @fit.delights.fitlife
  • 3 лажици кокосово масло

Состојки за вишна слојот:

  • 200 g замрзнати вишни
  • 3 лажици мед
  • 3 лажици чиа семе
  • 1 лажичка агар-агар (може да се замени со желатин, а може и да се изостави затоа што и чиа семето ќе гелира и ќе згусне)

Одозгора ставив стопено темно чоколадо со малку кокосово масло.

Начинот на подготовка можете да го видите на видеото ама еве на кратко и ќе го опишам.

Брашното и лененото семе заедно ги соединив во процесор, потоа во таа смеса ги додадов сите останати состојки кои се потребни за првиот слој. Кога смесата убаво се соедини ја натапкав во тавче на хартија за печење за да можам после лесно да ја изведам.

За подготовка на вишна слојот, вишните првин треба да ги размрзнете за да ја фрлите вишокот вода што ќе ја пуштат при размрзнувањето. Потоа ги ставате во блендер заедно со медот и чиа семето и убаво соединувате.

Смесата со вишни ја ставате во огноотпорен сад и додавате 1 лажичка агар агар и на тивок оган кратко загревате. Значи не треба да врие ниту да се загрева премногу, едноставно за да се активира агар-агарот треба температурата на смесата малку да се зголеми, но не до вриење.

Агар-агарот го додадов за цврстина, може да ставите наместо него желатин, но може и воопшто да го изоставите затоа што чиа семето доволно ќе згусне.

Вишна слојот го излеав врз првиот слој и ставив во замрзнувач да се стегне, потоа извадив, насечкав на коцки и врз секоја коцка ставив малку стопено темно чоколадо.

Ете толку е 😊 уживање за сите сетила.

Јас си ги чувам коцките во замрзнувач, така ладни ми се поубави за јадење.

До следно готвење 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *