Домашно подготвен здрав намаз е секогаш добра идеа. Што мислите за вкусен и здрав намаз од јаболка и мед со таан? Одличен рецепт и за најмалите. Слободно намачкајте им на парче леб или додадете 1 лажица во омилената овошна каша. Можете да додадете 1 лажица и во омилената овесна каша за поинтензивен и побогат вкус (рецепт за овесна каша).
Потребни состојки:
- 2 поголеми јаболка
- 1 лажичка лимонов сок
- 4 лажици мед со таан
- малку цимет.
Начин на подготовка:
Јаболката насечкајте ги на ситни парченца и ставете ги во блендер. Таму додадете ги и другите состојки: лимоновиот сок, медот со таан и циметот. Блендирајте неколку минути дури не се соедини. Складирајте го овој намаз во стаклена тегличка и чувајте го во фрижидер.
Овој намаз одлично се комбинира со здрави палачинки со овесни снегулки и банана без брашно. Рецептот за палачинките, пронајдете го тука.
Можеби ќе ве интересира:
Како да направите домашна здрава нутела.
Вкусен чоколаден путер од кикиритки.
Рецептот и сликите ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.