Наместо да правите калорични торти со маргарини, шлагови и многу шеќер, збогатете ја празничната трпеза со здрави десерти кои се подготвуваат навистина едноставно.
Неколку суви овошки, јатки, овесни снегулки и еве ви одлична енергетска закуска.
Потребни состојки:
- 100 g суви смокви
- 100 g суви кајсии
- 100 g суви сливи
- 100 g мелени ореви
- 100 g мелени лешници
- 1 банана
- за валкање: овесни снегулки и какао (по желба).
Начин на подготовка:
Сувото овошје ставете го во вода да се накисне и убаво да омекне. На крај во длабок сад измешајте ги омекнатите суви овошки со мелените ореви и лешници и претходно изблендираната банана. Ако добиената смеса е течна можете да додадете овесни снегулки или кокос во прав.
На крај формирајте топчиња и валкајте ги во овесни снегулки или во какао.
Добар апетит!
Рецептот и сликата се на Елена Ѓорѓиевска.
Можеби ќе ве интересира: Интегрални божиќни колачиња со ѓумбир
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.