Вкусена и здрава ужина или пак појадок. Овие палачинки се совршени, а се подготвуваат прилично едноставно, слично на стандардниот начин на подготовка, само што состојките се малку изменети.
Количината на намирици кои се излистани подолу одговара за 10 палачинки.
Една палачинка содржи:
194.2 калории, 25.32 g јаглехидрати, 8.39 g масти и 5.21 g протеини.
Потребни состојки (за 10 палачинки):
- 250 g интегрално пченично брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 200 ml минерална вода
- 120 ml млеко
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици кокосов шеќер или мед
Начин на подготовка:
Се мешаат сите состојки заедно и палачинките се пржат на стандарден начин.
Филот е домашна нутела од лешници. Рецептот за нутелата ќе го понајдете тука.
Добар апетит! 🙂








