Како сами да направите шумлива купка за бањање?

Споделете со пријателите

Зарем има поубаво чувство после напорниот ден од када со топла вода и миризлива купка? А замислете купката да ја подготвите сами, да биде направена од намирнци кои ги знаете и веќе ги имате во својата кујна.

Морската сол многу пријатно делува на кожата, а во комбинација со етерични масла по ваш избор длабински ја чисти и храни кожата, го смирува воспалението и ја забрзува циркулацијата.

Иако можете да си купите готова купка за бањање, сепак многу поубаво е доколку сами си ја направите. Така сте сигурни за сите состојки кои се наоѓаат во неа и знаете дека вашата домашна купка нема вештачки конзерванси, бои и ароми кои ја уништуваат кожата.

Потребни состојки:

  • 2 чаши крупна морска сол
  • 1 чаша обична ситна кујнска сол
  • 1 чаша сода бикарбона
  • 2/3 чаша лимонска киселина (лимонтус)
  • неколку капки етерично масло по избор
  • 1 лажица куркума (за природна боја)
  • тегла со капак
  • дрвена лажица

Начин на подготовка:

Во еден подлабок сад измешајте ги заедно морската и кујнската сол, сода бикарбоната, лимонтусот и куркумата. Потребно е смесата да стане хомогена и еднолична. Потоа додадете го етеричното масло.

Складирајте ја купката во стаклена тегличка со капак и чувајте ја на суво место.

Користете ја за подготовка на топла купка за релаксација и опуштање.

Рецептот и сликата ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *