Овесен колач со фил од моркови и јаболка

Споделете со пријателите

Овој вкусен овесен колач може да стои и неколку дена и пак да биде сочен и вкусен. Се подготвува навистина едноставно и брзо без користење на брашно, шеќер и многу масло. Одлична здрава варијанта за вкусен десерт за вашите најблиски.

Потребни состојки:

  • 250 g мелени овесни снегулки
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 2 јајца
  • ½ чаша млеко (може обично, но може и бадемово или кокосово)
  • 2 лажици мед
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажица кокосово масло
  • 2 јаболка
  • 2 поголеми моркови.

Начин на подготовка:

Најпрвин овесните снегулки ставете ги во блендер или сецко и направете ги брашно. Потоа во друг подлабок сад измешајте ги овесните снегулки, прашокот за пециво и циметот. Во друг сад изматете ги јајцата, медот и млекото. Кокосовото масло стопете го на пареа и додадете во садот со јајцата. Убаво измешајте и соединете ги двата дела.

Јаболката и морковите насечкајте ги на многу тенки парченца или пак изрендајте ги (како ви е полесно).

Во плех број 36 или 38 ставете хартија за печење и истурете ¼ од тестото, врз тестото наредете јаболка, потоа ставете уште ¼ па наредете моркови. Направте така уште два пати. На крај завршете со моркови или ако повеќе сакате јаболка измешајте по половина.

Ставете го овесниот колач да се пече на температура од 180-200°С околу 20-тина минути.

Потоа одозгора наросете малку ореви и суво грозје.

Добар апетит!

Рецептот и сликите ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.

Можеби ќе ве интересира: Овесна торта со фил од вишни.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *