Предлог за здрав ручек: Печено мисиркино месо со хељда и салата

Споделете со пријателите

Иако многумина мислат дека хељдата е житарка поради нејзиниот изглед, сепак можеби и ќе се зачудите но, хељдата е семе од овошје. Со нејзиниот богат нутритивен состав претставува намирница која заслужува посебно место во нашето секојдневно мени. Содржи само 343 калории во 100 g, а истовремено е богата со протеини, витамини и многу магнезиум (со 100 g хељда задоволувате 60% од дневните потреби за магнезиум). Фактот што оваа намирнцица не содржи глутен ја сместува во групата намирнци наменети за оние кои се алергични на глутен, односно страдаат од целијакија.

За денес имаме интересен предлог за здрав ручек со хељда.

Потребни состојки (за 2 порции):

  • 2 парчиња мисиркин стек
  • 1 чаша хељда
  • 1 лажичка домашна вегета (рецепт)
  • 2-3 лажици бело вино
  • 1 лажица маслиново масло
  • малку хималајска сол
  • 1 лажица павлака
  • салата по избор.

Начин на подготовка:

Месото ставете го да се пече во грил тава што не лепи без масло. Кога ќе се запече и од двете страни посолете го со домашната вегета и додадете го виното. Оставете го на тивко дури не испари виното.

Хељдата ставете ја во тенџере со 2 чаши вода. Оставете ја да се свари и убаво да омекне. Потоа процедете ја и запржете ја со малку маслиново масло, сол и зачини по желба.

На крај ставете во чинија и декорирјте со салата по ваша желба. Како гарнир додадете и 1 лажица павлака во која можете да ставите малку од вегетата.

Добар апетит!

Рецептот и сликата ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *