Аронија – чудесна бобинка која штити од болести и го подмладува организмот

Споделете со пријателите

Аронијата, со плодови налик на црна рибизла и со киселкаст вкус е овошје кое заслужува посебно место во секојдневната исхрана.

Аронијата е исклучително издржлива и отпорна овошка на ниски температури и мраз, така што може да поднесе дури и до -47°С. Затоа оваа овошка го носи и називот сибирска боровинка. Поради својата отпорност расте во ладните земји како Финска, Шведска и Русија. Потекнува од Северна Америка, од каде дошла во Европа. Североамериканските домородци ја користеле аронијата и како храна но, и како лек.

Аронијата има најголемо антиоксидантно делување споредено со другите бобинки (рибизли, боровинки, брусница и сл.).

aronia-berry

Лековити својства на аронијата

Аронијата е богата со антиоксиданси, флавоноиди, минерали во трагови, фолна киселина и витамини Б, Ц и Е. Поради високата концентрација на антиоксиданси и витамин Ц и Е, аронијата делува антивирусно, антибактериски и антивоспалително. Аронијата е богата и со антоцијани (антиоксиданси) кои го зајакнуваат имунитетот, го намалуваат ризикот од рак и го успоруваат стареењето.

Аронијата благотворно делува на работата на желудникот, ја стимулира работата на штитната жлезда и затоа се препорачува за луѓе кои имаат хипотиреоза.

Ќе ве интересира: Која храна е добра, а која лоша за вашата тироидна жлезда.

Аронијата спречува појава на кардиоваскуларни болести, го намалува крвниот притисок и холестеролот, а позитивно влијае на зголемување на “добриот” холестерол. Таа ја стимулира работата на црниот дроб и помага кај луѓе кои имаат жолчни камења. Исто така благотворно делува врз подобрување на варењето и работата на целокупниот дигестивен тракт. Ги намалува грчевите во цревата, помага кај воспаленија на цревната слузница, но помага и кај дијареа. Аронијата е корисна и кај заболувања на мочните патишта.

Ова овошје помага и за слабеење и одржување на здрава телесна тежина. Помага и за исфрлање на тешките метали од телото, како и на некои радиоактивни елементи во организмот.

Кратко кажано, аронијата:

  • е одличен извор на антиоксиданси
  • спечува болести на срцето и крвните садови
  • го регулира крвниот притисок
  • го штити здравјето на урнинарниот тракт
  • има антивоспалителни својства
  • ја стимулира работата на тироидната жлезда
  • го подобрува памтењето и концентрацијата
  • го регулира нивото на шеќер во крвта
  • го зајакнува имунитетот
  • поволно делува на органите за варење
  • штити од вируси и бактерии
  • помага за излачување на некои тешки метали од организот.

Поради отпорноста аронијата успешно успева и во нашата земја, така што кознумирање на органска аронија која е произведенеа без пестициди гарантира искористување на сите нејзини позитивни својства врз здравјето.

Плодовите аронија најдобро е да ги козумирате свежи или замрзнати бидејќи во таков облик се зачувуваат сите хранливи сосотјки. Со готвење се губат дел од нејзините лековити својства.

Најлесен начин на козмунирање на аронијата е да ја додадете во своето смути или овошна салата. Доволни се 10-тина зрна дневно.

Предлог: Смути со аронија

aronia-smoothie-recipe

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *