Вистинско летно уживање: Здрава сладоледна сникерс торта

Споделете со пријателите

Сигурна сум дека не постои некој кој не го обожава вкусот на сникерс, токму поради тоа имавме и рецепт за здрави сникерс барови (проверете тука). Бидејќи мој омилен сладолед е сникерс сладоледот, решив да ја искористам својата имагинација во кујната и да пробам да направам нешто слично, но од здрави и сирови намирници…и да, излезе одлично, дури неочeкувано предобро. Да не ви должам многу, еве го рецептот подолу:

Потребни состојки:

сладоледна основа:

карамел фил:

  • 15 урми (киснати во вода минимум 1 час)
  • 50-100 ml кокосово млеко
  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 лажица путер од кикиритки

чоколаден фил:

  • 150 g црно чоколадо
  • 1 лажица кокосово масло
  • 50 g несолени бели кикиритки

Начин на подготовка:

Пред да започнете со подготовката, белите кикиритки ставете ги во рерна кратко да заруменат, така ќе пуштат убава арома и мирис. Потоа ставете ги во сецко и сосема кратко иситнете ги. Потребно е да бидат кршени, не мелени.

За сладоледната основа бананите, путерот од кикиритки и кокосовото млеко ставете ги во блендер и блендирајте неколку минути дури не добиете убава хомогена смеса. На крај во смесата додадете ги кршените кикиритки и истурете го сладоледот во соодветен сад. Оставете ја основата во замрзнувач минимум 2 часа убаво да се стегне.

Карамел филот се подготвува на сличен начин. Сите состојки ставете ги во блендер и убаво соединете ги. Потоа истурете го карамел филот врз сладоледната сникерс основа и вратете во замрзнувач.

Чоколадниот фил се подготвува на стандарден начин. На пареа стопете го чоколадото во кое ќе додадете 1 лажица кокосово масло.

На крај врз карамел филот истурете го и чоколадниот фил и одозгора посолете со кршените кикиритки. Вратете го замрзнувач уште 1 час и потоа уживајте во убавиот, богат и вистински сникерс вкус.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *