Најчести грешки кои се прават со појадокот

Споделете со пријателите

Појадокот е најважниот оброк во денот. Затоа потребно е на појадокот да посветите посебно внимание и да внимавате на начинот на кој ги комбинирате намирниците. Во продолжение прочитајте кои се најчестите грешки кои се прават со појадокот.

Го прескокнувате појадокот

Некои луѓе мислат дека ако го прескокнат појадокот ќе внесат помалку калории во текот на денот, но многу веројатно е дека ќе се случи спротивното. Доколку подолг период во телото не внесувате храна и едноставно го “прегледните” организмот, тогаш многу веројатно е дека неконтролирано ќе посегнете по нездрава храна и ќе се прејадете. Доколку пак наутро изедете квалитетен појадок кој ќе ве држи сити подолг период, многу е мала веројатноста дека во текот на денот ќе ви се појават кризи и напади за неконтролиран глад.

Можеби ќе ве интересира:

Здрави оброци на работното место

5 идеи за здрав сендвич за појадок

За појадок јадете слатка храна

Кафе со крофна/мафин или колач е во многу земји стандарден и типичен појадок . Но, дали сте размислиле дека во една крофна или во еден мафин има многу повеќе шеќер отколку што вам ви е потребно за цел ден. Пример, обичен мафин вообичаено содржи околу 45 g додаден шеќер, а ако дополнително со мафинот пиете и кафе во кое додавате шеќер, замислете колку додатен шеќер ќе внесете. Препорачливо е да не се консумира повеќе од 25 g додатен шеќер во текот на денот (додатен шеќер е оној кој не го внесуваме со урамнотежените оброци, овде не спаѓаат лебот, компирот, оризот и шеќерот од овошјето). Сето тоа не значи дека треба да се напиете само горко кафе и да отидете на работа. Доколку сакате  кафето да го пиете со нешто слатко, изедете чинија овесна каша (рецепт), 1 банана или 2-3 урми.

Појадокот ви е премногу “сиромашен”

Утринското брзање е една од главните причини зошто луѓето не појадуваат или пак појадуваат премногу “сиромашен” појадок. Како што спомнавме погоре, доколку не појавувате многу е веројатно дека во текот на денот ќе се прејадете и ќе внесете нездрава храна. Немојте да штедите на појадокот, најдобро е за време на појадокот да внесете квалитетни јаглехидрати, а за време на ручекот и вечерата да ги избегнувате. Кога зборуваме на квалитетни јаглехидрати мислиме на тестенини, леб или пецива од цело зрно (интегрални). Комбинирајте ги со некој протеин и со салата. Доколку многу брзате и навистина немате време одлична опција е и богата овесна каша во која ќе додадете неколку јаткасти плодови, овошје и семиња.

Можеби ќе ве интересира:

Полна чинија здравје – високо хранлив појадок.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *