3 свежи освежувачки салати

Споделете со пријателите

Многу го сакам овој период од годината затоа што во изобилие имаме свежи зеленчуци. Секој ден имаме можност да правиме различни и богати салати.

За мене оброкот не е целосен ако немам чинија полна со зеленчук и навистина уживам кога ќе измешам неколку вкусови кои еден на друг се надополнуваат. Не се плашете да експериментирате со салатите, со нив не може да згрешите.

Било која од овие три салати може да биде одличен прилог на вашиот ручек или пак самостојно да биде предлог за лесна вечера.

Финалниот вкус на секоја салата го прави дресингот. Јас лично не сакам тешки и многу мрсни преливи, но со мед, сенф, лимон и маслиново никогаш немам утка.

Еве што се ставив во овие 3 превкусни салати.

Салатата со рендан морков можеби ја знаете од стори од пред некој ден, таа ми е усовршена до перфекција (омилена ми е 😊).

Салата со морков и јаболко

  • 2-3 свежи моркови
  • ½ зелено јаболко
  • 2-3 суви урми
  • малку свеж магдонос
  • за прелив: ладно цедено сончогледово масло, балсамико и хималајска сол + наросено одозгора со 1 лажица 4 мелени семиња (лен, сусам, семки од тиква и сончоглед).

Салата со рукола и домат

  • неколку гранчиња свежа рукола
  • 1 поголем домат
  • сува брусница
  • семки од тиква
  • за прелив: маслиново масло и хималајска сол
  • доколку обожавате сирење можете да ставите малку.

Витаминска салата

  • марула
  • 1 црвена пиперка
  • 1 краставица
  • за прелив: 1 лажица маслиново масло, 1 лажица сок од лимон, 1 лажичка мед, 1 лажичка сенф, малку хималајска сол.

Тоа е тоа, специфичен начин на подготовка нема, сецкате, мешате, ставате прелив одозгора и уживате 😊

На здравје 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *