5 алтернативи на “здраво” новогодишно пакетче

Споделете со пријателите

Чоколади на килограм, лижавчиња, смоки и грицки цела фиока…пакетче од баба, од тетка, од вујко, од стрина, од мама и од тато од работа…Ова беше моето детство и колку и да ми изгледало возбудливо тогаш, од моментален аспект воопшто не ми е.

Не сум против да им браниме на децата да јадат било што, но работиме на едукација што е здрава храна и се трудиме да смениме некои работи, да им покажеме уште од мали нозе како поубаво и поквалитетно да живеат за на крај за Нова Година во знак на љубов да им подариме “бел убиец” во изобилие.

Не мора!

Можете да подарите многу други работи кои не се шеќер и да ја добиете детската насмевка.

Иако можеби многу од вас нема да се сложат со мене сепак, имам некако грутка на душата да го споделам ова затоа што минатата година и покрај тоа што сите блиски знаат кои се моите заложби во однос на храната Ана доби “тон” благи пакетчиња со изговор “Знам, ама Нова Година е”.

Без разлика што е, љубов и внимание можеме да покажеме на милион други начини, а ако ме прашувате мене материјалните работи и немаат некоја вредност и никогаш ама баш никогаш јас барем не мерам и не вреднуваме кој што и колку ми подарува.   

Јас навистина не и бранам на Ана да јаде и лижавчиња, и гумени бомбони и чоколадо и смоки, но знае дека тоа не е храна за секој ден.

Сигурна сум дека многу родители го имаат овој проблем и затоа сакам ве потсетам да размислите два пати пред да купите “тон” чоколади, но и да споделам неколку “поздрави” алтернативи со вас кои можете да ги подарите за да ги израдувате најмалите.

  1. Подарете пакетче здрави намирници кои можат да се готват – купете овесни снегулки, пакетче палента, некој путер од јатки, детски чај…нешто што знаете дека тоа дете јаде (сигурно знаете, затоа што купувате пакетче за блиски личности).
  2. Купете едукативна играчка соодветна на возраста на детето – сложувалка, сликовница, енциклопедија…нешто кон кое знаете дека детето има афинитети. Навистина сега има многу опции кои ни се достапни и онлајн.
  3. Купете билети за детска претстава или кино соодветно на возраста.
  4. Направете пакетче од овошје и зеленчук спакувани на интересен начин.
  5. Купете персонализиран подарок – пример лани Ана доби персоналириана готварска престилка со нејзиното име што беше нешто на кое многу му се радуваше затоа што обожава да готви заедно со мене во кујна.

И не мора пакетчето да биде огромно, сепак новогодишните подароци се само внимание. Не заборавајте дека најбитни се нематеријалните нешта кои не се купуваат со пари 🙂

Имајте убави празнични денови  🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *