Прашања кои треба да си ги поставите пред да се решите да го прескокнете тренингот

Споделете со пријателите

Донесување на одлука да вежбате утре, од понеделник, од следниот месец е лесно затоа што најверојатно таа одлука ја правите кога сте одморени и мотивирани, но што се случува кога доаѓа баш тој понеделник кога сте решиле да почнете. Некој внатрешен глас во вас ви вели дека сте уморни баш денес и дека не мора баш денес да почнете.

Прескокнување на тренингот може да биде добра одлука само доколку сте болни и повредени, во сите други случаи верувајте дека само се залажувате.

Прашањата кои треба да си ги поставите во главата пред да донесете одлука дека сепак подобро е да почнете од утре.

Дали ќе се каам за одлуката која ја донесов?

Размислувајќи за последиците може да се поттикнете да донесете правилна одлука. Да, можеби ќе ви биде поубаво да останете дома во кревет и да одморите, но како ќе се чувствувате подоцна, сигурно ќе имате вина и грижа во себе. Имајте на ум дека вежбањето е избор, а не затворска казна. Запомнете дека вие сте одговорни за тоа што го правите.

И секој ден е различен, и точно е дека некои денови немате мотивација, но затоа во такви моменти треба да се потпрете на дисциплината.

Кога ќе го завршите тренингот за кој сте се двоумеле дали да го направите ќе знаете дека одлуката ви била правилна.  

Колку пати вежбав оваа недела?

Ако во текот на неделата сте вежбале секој ден или барем 4 пати тогаш можеби е во ред да го скокнете тренингот, но во спротивно прескокнувањето на уште еден тренинг ќе ви го отежне враќањето во сала и многу е веројатно дека и следниот ден ќе барате длабоко во себе изговори да го прескокнете вежбањето.

Како ќе го надоместам пропуштениот тренинг?

Дали ќе извежбате подоцна, можеби после работа или пред спиење? Или утре ќе станете рано и ќе вежбате дополнително? Визуелизирајте го тоа и запрашајте се дали навистина ќе го направите тоа или дали се подготвувате за неуспех. Ветете си на себе си, но не заборавајте и да се почитувате.

Што е тоа што “ме враќа назад”?

Идентификувајте ги мислите кои ве спречуваат да вежбате и логично работете на секоја од нив. Најчесто тоа е:

“Не можам денес, многу сум уморен/на” – секако дека ако работите цел ден вашиот ум е уморен, но вашето тело ќе се чувствува подобро ако извежбате.

„Многу сум гладен/на“ – изедете некој житен бар, чаша јогурт или пак една банана и веднаш ќе добиете енергија за да го завршите тренингот и потоа да бидете благодарни на себе за одлуката.

„Имам премногу работа” – ќе завршите повеќе ако го ставите тренингот како приоритет, верувајте ми после вежбањето ќе имате повеќе енергија и полесно ќе ја завршите преостанатата работа.

„Ќе вежбам денес ама подоцна “ – не го оставајте вежбањето за последно затоа што не е најмалку битно иако можеби не го доживувате така, особено ако сте почетник во вежбањето.

Како прескокнувањето на тренингот ќе влијае на мојот ден?

Тренингот не е важен само за согорување калории. Вежбањето може да влијае на вас од повеќе аспекти, и ментално и физички.  

Потсетете се дека вежбањето:

  • ќе ви даде повеќе енергија;
  • ќе ви ја подобри самодовербата;
  • ќе ви помогне подобро и полесно да се концентрирате;
  • ќе ви помогне да завршите повеќе работи;
  • ќе ви помогне да спиете подобро и да бидете посреќни.

Вежбањето е една од ретките работи што влијаат на повеќе области од нашиот живот. Запомнете дека само неколку минути и малку пот ќе се исплатат на долг рок.

Ве очекуваме во сала или онлајн.

Достапни сме на три локации во Скопје: Кисела Вода, Карпош 3 и Аеродром.

Повеќе за нас, за типот на часови, за цени за месечна членарина и за точните локации можете да проверите тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *