Ова е супер здрав рецепт кој може да биде и појадок и ручек и вечера.
Одличен начин да вклучите цвекло во вашиот оброк. Комбинацијата е врвна, не знам како ми текна да пробам ама дефинитивно ќе го правам ова почесто и за мене и за Ана.
Еве што ви е потребно за овој црвен пица омлет со цвекло:
- 2 јајца
- 1 варено или печено цвекло (среда големина)
- 3 лажици пченични никулци (може да се заменат со овесни снегулки)
- 1 лажица 4 мелени семиња (лен, сусам, семки од тиква и сончоглед)
- неколку капки маслиново масло
- 1 лажица павлака или грчки јогурт
- зеленчук по желба (јас користев: морков, пиперка, грашок и магдонос)
Подготовка:
Ставете ги во блендер цвеклото и јајцата и соединете ја смесата. Потоа во таа смеса додадете ги пченичните никулци и семињата и измешајте убаво. На капка маслиново масло во тава што не лепи испечете го омлетот како палачинка. Јас го печев по 1 минута и од двете страни.

Тргнете на страна премачкајте го омлетот со 1 лажица павлака или грчки јогурт и наредете го зеленчукот одозгора.
Инаку ако немате време да варите или печете цвекло има веќе подготвени и пакувани во Веро.
Јас често знам да си купам за салата (кога немам време да варам или печам) затоа што свежото цвекло ми прави проблеми на стомакот.
И тоа е тоа…брз, нутиртивен оброк за 5 минути <3
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.