Ова е одличен здрав десерт и за големи и за мали. Времето кое ми беше потребно за подготовка е нешто помалку од 10 минути.
Ана ги обожава, сама го отвара фрижидерот за да си земе. Вчера изедете дури 3, а денес 2 😊
Состојките се едноставни, а од оваа количина јас добив 16 барови:
- 200 g овесни снегулки
- 100 g јаткасти плодови по желба (јас користев микс од лешници, бадеми и индиски ореви)
- 50 g сусам
- 100 g суво грозје (киснато во вода барем 2 часа)
- 100 g суви урми (киснати во вода барем 2 часа)
- 1-2 лажици мед
- по желба за вкус можете да ставите и ванила (јас не ставив).
Начин на подготовка:
Овесните снегулки, јаткастите плодови и сусамот ставете ги во блендер. Кога ќе се соединат и ќе станат брашно додадете ги киснатите суво грозје и урми и медот и кратко бледнирајте. Смесата е густа така да можете да мешате и со рака или дрвена шпатула. Кога се убаво ќе се соедини истурете ја смесата во некое коцкасто или правоаголно плехче и израмнете ја одозгора. Ставете во замрзнува за да се стегне и после половина час извадете и исечете правоаголни форми.
Совршено слатко задоволство особено за мали рачиња.
Јас ги чувам во замрзнувач за да останат свежи повеќе денови, но можете да ги чувате и во обичниот фрижидер.
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.