Целта на овој 7 дневен детоксикациски предизвик е прочистување на телото преку внес на непроцесирана храна и оброци кои сами ќе си ги подготвите. Со ваков начин на исхрана освен што ќе го прочистите телото од токсини, ќе намалите и килограми, минимум 1-2 килограми за 7 дена. Ќе се чувствувате полни со енергија и многу полесно ќе се справувате со секојдевните обрски.
Забранети намирници се: белиот леб и брашно, шеќерот, обичната кујнска сол, конзервирани производи, готови намирници, процесирана храна, млеко, млечни производи, намази, вегета, сончогледово масло, газирани појалоци, алкохол. Всушност целта на предизвикот е една недела да го прочистите телото од токсини преку соодветна избалансирана исхрана која нема да ги вклучува горенаведените намирници. Во забранети намирници спаѓаат воопшто сите пакувани и конзервирани производи кои содржат штетни кознерванси и емулгатори кои се предизвикувачи на многу заболувања.
Ќе ве интересира: Листа на штетни емулгатори кои се наоѓаат во прехрмбените проиводи
Дозволени намирници се:
- овошје (сливи, круши, јаболка, лубеница, малини, капини, праски)
- зеленчук (зелка, краставица, домати, пиперки, компири, грав, леќа, грашок, боранија)
- ориз
- јаткасти плодови (лешници, бадеми, ореви, индиски ореви и сл.)
- месо (најдобро риба, но може и бело месо за кое ќе бидете сигурни од каде потекнува)
- сок од лимон
- суви сливи, суво грозје и урми
- ленено семе, чија семе и гоџи бобинки
- овесни снегулки
- маслиново и кокосово масло
- јајца
- хималајска сол
- мед
- кафе
Овие намирници можете да ги комбинирате на било кој начин, но за да ви ја олесниме работата во продолжение подготвивме 7 дневен план за исхрана кој ќе ви помогне да го прочистите телото и да се чувствате полни со енергија и виталност. Верувајте разлика ќе почувствувате уште вториот ден и на крајот од неделата ќе посакате да не го прекинете предизвикот и да продолжите уште, што секако не е проблем. Можете да направите 3 циклуси од по 7 дена, па потоа да направите пауза од 2 недели. Со ваков начин на исхрана ги добивате сите потребни мако и микро нутритиенти вклучувајќи ги тука сите неопходни витамини и минерали.
1 ден
Појадок: сок од лимон, кафе, јаболко насечкано на прачиња во комбинација со суво грозје и малку ленено семе
Ужина: праска
Ручек: парче лосос во комбинација со ориз, подготвен со маслиново масло и хималајска сол, салата по избор
Ужинка: 7-8 бадеми
Вечера: 2 варени јајца, краставица
2 ден
Појадок: сок од лимон, кафе, овесна каша со мед суви сливи и чија семе
Ужина: јаболко
Ручек: варени компири со зелена салата
Ужина: 7-8 лешници
Вечера: зеленчукова супа
3 ден
Појадок: сок од лимон, кафе, круша насечкана на коцки во комбинација со гоџи бобинки
Ужина: лубеница
Ручек: вариво од грашок со салата
Ужина: 7-8 индиски ореви
Вечера: Салата од краставици, домати, пиперки и кромид
4 ден
Појадок: сок од лимон, кафе, 2-3 сливи
Ужина: 7-8 бадеми
Ручек: бело месо со салата
Ужина: лубеница
Вечера: 2 варени јајца со домат
5 ден
Појадок: сок од лимон, кафе, 2 јаболки
Ужина: шака суво грозје
Ручек: варен грав со салата
Ужина: 7-8 лешници
Вечера: зеленчукова супа
6 ден
Појадок: сок од лимон, кафе, смути со малини, праска и јаболко
Ужина: 2-3 суви сливи
Ручек: риба со ориз и салата по избор
Ужина: 7-8 индиски ореви
Вечера: зелена салата со 1 варено јајце
7 ден
Појадок: сок од лимон, кафе, праска во комбинација со лажица кокосово масло, мед и ленено семе
Ужина: 7-8 бадеми
Ручек: варена леќа со салата
Ужина: 2-3 урми
Вечера: салата од зелка, моркови и цвекло
На што да внимавте!
- Подготвувајте ја храна исклучиво со маслиново масло и хималајска сол!
- Ако на менито има грав или грашок, не купувајте од кознерва, сварете го и подгответе го сами!
- Бананите и тропското овошје не се дозволени!
- Пијте по минимум 2 литри вода на ден, хидратацијата е особено важна за правилна детоксикација!
- Пијте незасладени чаеви!
- Вклучете некоја активност, макар брзо одење секој ден по 30 минути!
- Не јадете миниму 2 часа пред да одите во кревет!
Можеби ќе ве интересира: Едноставни начини на детоксикација на телото








