Home Исхрана Зелени вафли со блитва

Зелени вафли со блитва

337
0

Зелени, вкусни, меки и здрави… е баш вакви се овие вафли!

Овие вафли се идеални и за големи и за мали. Ана ги обожава и најмногу ѝ идат со јогурт, слични се по состав на овесните палачинки, но со мали модификации. Јас ги сакам со зеленчук и кашкавал. Можете да ги јадете и самостојно затоа што воопшто не се суви и досадни. 😊

Инаку тостерот што си го користев за вакви работи ми направи некој спој, па морав да земам некоја алтернатива и решив да земам апаратче за вафли. Мислам дека ќе биде достојна замена за тостерот, и во него ќе можам да правам најразлични комбинации.

Потребни состојки:

  • 2 чаши овесни снегулки
  • 1 чаша јогурт
  • неколку листови обарена блитва
  • 2 јајца
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 50 g сирење
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 лажица ленено семе
  • 1 лажица сусам
  • 1 лажица семки од тиква
  • 3 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

Сите состојки ги ставате во блендер и блендирате додека не добиете хомогена смеса. Ова може да се направи и со рачен бледнер или со каков било и да имате.

На загреан тостер или апаратче за вафли ставате од смесата и печете. Поедноставно здравје!

Инаку можете да додадете уште ½ чаша јогурт плус па да ги пржите како мали американски палачинки. И така ќе бидат одлични.

Комбинирајте по сопствен вкус. Одат во милион комбинации! И да, не мора со блитва, може и со спанаќ или со што било зеленко. 😊

Добар апетит!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here