Зелени, вкусни, меки и здрави…е баш вакви се овие вафли.
Инаку тостерот што си го користев за вакви работи ми направи некој спој па морав да земам некоја алтернатива и решив да земам апаратче за вафли. Мислам дека ќе биде достојна замена за тостерот и во него ќе можам да правам најразлични комбинации.
Овие вафли се идеални и за големи и за мали. Ана ги обожава и најмногу и идат со јогурт, слични се по состав на овесните палачинки, но со мали модификации. Јас ги сакам со зеленчук и кашкавал. Можете да ги јадете и самостојно затоа што воопшто не се суви и досадни 😊
Состојки:
- 2 чаши овесни снегулки
- 1 чаша јогурт
- неколку листови обарена блитва
- 2 јајца
- 1 лажичка прашок за пециво
- 50 g сирење
- 1 лажица чиа семе
- 1 лажица ленено семе
- 1 лажица сусам
- 1 лажица семки од тиква
- 3 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
Сите состојки ги ставате во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Ова може да се направи и со рачен бледнер или со било каков и да имате/
На загреан тостер или апаратче за вафли ставате од смесата и печете.
Поедноставно здравје!
Инаку можете да додадете уште ½ чаша јогурт плус па да ги пржите како мали американски палачинки. И така ќе бидат одлични.
Комбинирајте по сопствен вкус. Идат во милион комбинации!
И да, не мора со блитва, може и со спанаќ или со било што зеленко 😊
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.