Бургери од наут и црвена леќа

Споделете со пријателите

Не знам дали ова е соодветното име за рецептот ама мора да има име па ајде нека стои вака 😊

Во секој случај ова е одличен, вкусен и високо нутритивен оброк. Јас дополнително направив и намаз од тиквички кој ќе ви го споделам подолу.

Потребни состојки (за околу 12 бургери):

  • 200 g сиров наут или 400 g од конзерва
  • 50 g црвена леќа
  • 2 јајца
  • 1 главица кромид
  • 1 лажичка лук во прав или 2-3 чешниња свеж
  • 1 мала лажичка сол
  • малку магдонос
  • малку маслиново масло
  • 1 лажица сусам за посолување
  • 2 лажици пченкарно брашно за валкање.

Подготовка:

Наутот и леќата најдобро е да ги оставите да се киснат преку ноќ. Следниот ден фрлете ја водата и кратко измијте ги. Ставете ги во блендер заедно со кромидот, лукот, солта, магдоносот и јајцата. Блендирајте кратко додека смесата не се соедини. Се формира густа смеса како паста која може да ја обликувате во топчиња. Правете топчиња и валкајте ги во пченкарно брашно, но пред да ги ставите на хартијата за печење потиснете ги одозгора.

На крај врз сите попрскајте малку маслиново масло и наросете малку сусам. Јас ги печев во загреаната рерна на 180˚С околу 12-15 минути.

Ќе видите кога ќе заруменат и испукаат малку, тогаш се готови.

Намаз од тиквички

Состојки:

  • 1 тиквичка
  • 2 лажици павлака
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажица маслиново масло
  • ½ лажичка лук во прав или 2-3 чешниња свеж
  • малку сол.

Подготовка:

Тиквичката изрендајте ја и фрлете го вишокот вода на ист начин како што тоа се прави кога правиме ќофтиња. Ставете ја потоа тиквичката во тава со маслиновото масло и со малку сол и кратко динстајте ја. Кога ќе омекне тргнете ја од оган и почекајте малку да се излади. На крај ставете ја тиквичката заедно со павлаката, сенфот и лукот во бледнер. Кратко блендирајте и ете го намазот.

Врз секој бургер ставив од намазот, парче домат, пиперка и малку морков. Дополнително наросив и малку ленено семе!

Значи оброкот е уживањее!!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *