Крем супа со БРОКУЛИ

Споделете со пријателите

Брокулите можеби не се многу омилен зеленчук, но затоа во оваа комбинација се дефинитивно највкусни.

Сите дома уживавме во вкусот.

Одлична е и за големи и за мали. Можете да ја јадете како прилог со ручекот или пак самостојно за вечера.

Од нутритивен аспект брокулите имаат многу малку калории и тоа само околу 34 калории во 100 грама. Нивната широка палета на хранливи нутритиенти ги сместува во групата на супер зеленчуци. Брокулите содржат витамин Ц, витамин А, витамин К, витамин Б9, калиум, фосфор и селен.

Интересен е фактот што со варење не се намалува концентрацијата на витамин Ц, туку напротив низ многу студии е потврдено дека варењето на брокулите ја потенцира нивната антиоксидантна моќ.

И доста ви објаснувам 😊 еве го рецептот.

Потреби состојки:

  • 200-300 g свежи брокули
  • 1 поголем морков
  • 1 главица кромид
  • ½ тиквичка
  • 1 компир
  • 30 g путер
  • сол и зачини по желба.

Подготовка:

Главицата кромид ситно исечкајте ја и заедно со путерот ставете ја во тенџерето во кое планирате да ја правите супата. Кратко динстајте го кромидот заедно со путерот.

Брокулите насечкајте ги на помали парченца, а морковот, компирот и тиквицата изрендајте ги. Додадете ги во тенџерето и налејте уште 600-700 ml вода.

Додадете малку сол и оставете да се вари.

Кога се убаво ќе омекне, најверојатно после 10-тина минути со рачен блендер изблендирајте.

На крај можете да додадете уште некој зачин кој вас ви е омилен.

Значи на ваков начин оваа крем супа е фантастично вкусна.

И се навраќав се додека имаше во тенџерето 😊

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *