Home Рецепти Здрави десерти Овесни барови

Овесни барови

103
0

Овие барови се многу едноставни и брзи за подготовка. Можете да си ги носите со вас работа или каде и да одите.

Пробајте да ги направите без додаток на засладувач, затоа што комбинацијата на банана и урми дава одлична блажина, и нема потреба од плус засладувач.

Потребни состојки:

  • 7-8 суви сливи
  • 5 урми
  • 7-8 суви кајсии
  • малку сува брусница
  • 2 лажици ленено семе
  • 1 банана
  • 200 g овесни снегулки
  • 2 лажици кокосово масло

Начин на подготовка:

Сувите сливи, кајсиите и урмите ставете ги да се покиснат во вода најмалку 5 часа или преку ноќ. Потоа сувото овошје заедно со сите други состојки убаво изблендирајте ги и распределете ја смесата во плехче. Ставете да се пече во рерна на 180˚С околу 10 минути, и потоа исечете со нож правоаголници или коцки. Ако сакате да бидат покрцкави вратете ги во рерна уште некоја минутка да заруменат.

Рецептот е на Елена Ѓорѓиевска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here