Овие мафини многу се лесни и брзи за подготовка, а одлични се за појадок, ручек или ужинка. Може да си ги земете со вас на работа или каде било и да одите. 😊
Состојките се изразени во чаша за чај со средна големина (важно е да мерите со истата чаша).
Состојки:
- 1 чаша интегрално брашно
- 1/2 чаша гриз
- 1/2 чаша овесно брашно
- 1 чаша јогурт
- 1/2 чаша вода
- 1 јајце
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажичка пециво
- 7 маслинки (само извадете ги семките)
- куркума, сол, бибер
Начин на подготовка:
Најпрво измешајте ги сите суви состојки. Потоа додадете го јајцето, јогуртот и водата. Внимавајте на густината, тестото треба да биде иста густина како за обични мафини.
Насечкајте ги маслинките и ставете ги одозгора, декорирајте со неколку овесни снегулки и магдонос.
Уживајте во прекрасниот и здрав оброк! 🙂
Рецептот е на Елена.








